ЗА ПРОЕКТОТ
Едукацијата на младата популација е особено значајна бидејки кај нив може најлесно да ги втемелиме еколошките знаења, вештини и навики кои покасно може да прераснат во еколошки стил на живеење со соодвтен степен на еколошка свест. Секако тоа не значи дека другите групи треба да се запостават туку напротив треба парарелно да се работи на нивна едукација.
Со заеднички ентузијазам оваа веб страница ја изработија Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Националните Паркови: Маврово, Галичица и Пелистер и Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, и ја поставија целата за подигање на еколошката свест особено за значењето на Националните паркови.
Целта на оваа веб страна е да се подигне еколошката свест кај најмладите за вредностите и значењето на Националните паркови и другите заштитени подрачја во Република Македонија како и развивање на одговорен пристап кон природата преку активно учество во нејзина заштита.
Веб страната опфаќа промотивни и едукативни активности кои значително ќе допринесат за зачувување и унапредување на дивите живеалиштата. Целни групи на Веб страницата се првенствено учениците од основните и средните училишта во Република Македонија.
ЦЕЛИ
Веб страната ќе им овозможи на учениците и нивните наставници преку проектните активности (веб страница) да бидат дел од управувањето и чувањето, како и во иднина да учествуваат во процесите поврзани со заштитените подрачја.
На овој начин ќе се зголеми бројот на активисти кои проактивно ќе учествуваат во заштита на национланите парковите што воедно и се тренд во Европските заштитени простори. Веб страната ќе овозможи поставување веб платформа за цел една поголема еколошко-едукативна програма, кој во иднина ќе се развива со други активности.
СОЗДАВАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ ГЕНЕРАЦИИ
Учениците и нивните наставници ќе добијат потребни информации за биодиверзитетот во Националните паркови во Република Македонија, како и за одржливото користење на ресурсите, нивно значење и валоризација. На тој начин идните генерации ќе бидат во состојба да го препознаат значењето на природните процеси преку кои се создадени природните еко системи и активно да учествуваат во зачувување на природата.
УСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ НОРМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Република Македонија е членка на Советот на Европа и има има ратификувано поголем број на европски и меѓународни конвенции од областа на заштита на животната средина и природата,како што се Конвенцијата за заштита на дивиот свет и природните жѓивеалишта во Европа (Берн 1978), Конвенцијата за заштита на Европскиот предел (Фиренца 2000), Конвенцијата за заштита на рбетни животни кои се користат за експериментални и други научни цели (Стразбург 1988). Државите членки на советот на Европа оформија еколошка мрежа ЕМЕРАЛД. Во Македнија е оформена национална ЕМЕРАЛД мрежа со 35 емералд подрачја.
Во Законот за заштита на природата и посебните закони за заштита на локалитети со значајни природни вредности како дел од природното наследство на РМ, транспонирани се одредби од ЕУ директивата за заштита на дивите птици и ЕУ директивата за заштита на природните живеалишта и заштита на дивата флора и фауна. Со овие две директиви државите членки на ЕУ ја оформија регионалната еколошка мрежа НАТУРА 2000. Македнија наскоро ќе ја отпачне процедура за реализирање на проекти за оформување на НАТУРА 2000 мрежата.
Веб страната ќе се допринесе за подигањето на свеста кај учениците за значењето на ова прашање, а преку нив и до нивните родители и пошироко во општествената заедница.
Со тоа ќе се даде допринос кон поголемо почитување на мерките на Европската Унија од областа на заштитата на животната средина.