Волкот (Canis Lupus)
Волците живеат во голем број на различни опкружувања. Благодарение на својата голема прилагодливост, успеваат да живеат во ледените подрачја на Арктиткот, како и во пустините на северна Америка и централна Азија. Повеќето волци се населуваат по тревнатите површини и шумите. Во денешно време познат е пред се како шумско животно, но тоа е последица на фактот што човекот од многу одамна го потиснал од отворените подрачја.
Должина: 100 – 150 цм
Опаш: 30 – 60 цм
Тежина: 15 – 65 кг
Распространестост: С. Америка, Европа , Азија
Живеалиште: шуми , планини тундри
Исхрана: месојад
Волкот е најголемиот претставник од семејството кучиња кои живееат во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители. Волкот е најголем европски претставник од фамилијата на кучињата. Бојата на крзното во основа му е најчесто сива со примеси од кафеави жолтеникави тонови. Зимското влакно долго и густо. Телото со силна градба. Главата крупна, со долга муцка и исправени уши. Долгите нозе овозможуваат брзо трчање. Должината на телото со глава изнесува 90 – 140 cm, а должината на опашката 30 – 50 cm. Масата на телото варира од 24 до 60 kg. Половиот диморфизам изразен со поголеми димензии кај машките примероци.
Размножување
Периодот на носење е помеѓу 60 – 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.
Распространетост
Се до почетокот на развојот на земјоделството и сточарството волкот бил најраспространетата ѕверка на земјата. Бил распространет во цела Европа и Азија па се до северна Африка, како и во северна Америка.
Начин на живот – однесување и социјална организација
Иако во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во чопор. Чопорот кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците за разлика од домашните песови полно созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. До парење помеѓу сродници по правило не доаѓа дури и кога не постои друг сексуален партнер. При тоа мажјакот е тој кој го одбива парењето. Периодот на носење е околу шеесет денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум младенчиња.
Исхрана
Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци. Витамините и неопходните елементи волците не ги добиваат само хранејќи се со тревопасни животни, туку и самите јадат растителна храна. Како многу квалитетна храна за волците се вбројуваат разни овошни бобинки кои растат на нивното подрачје, како и листови на некои билки и тревки. Според актуелните истражувања, годишните потреби на волкот за исхрана се движат помеѓу 500 и 800 килограми по единка.
Човекот и Волкот
Во денешно време е докажано дека домашниот пес потекнува од волкот. Генетските истражувања докажале дека т.н. пра-куче се одвоило од волкот уште пред повеќе од 100.000 години. Се претпоставува дека волкот му се приклучил на човекот пред околу 14.000 години, за да се храни со остатоците од човековата храна. Со време тој станал попитом, а луѓето ја сознале можната корист од нив. Според друга претпоставка, волкот во почетокот служел како извор на месо, пред да се спознае дека како домашно животно може да биде корисен и на друг начин. Кај некои раси на домашни песови сродноста со волкот сеуште може добро да се види. Кучиња од “пратипот” како што се самоједот, сибирски хаски, аљаскиот маламут и акита ину, тие со својот изглед и во денешно време ја покажуваат својата сродност со волкот, како што е шилестата муцка шилестите и исправени уши и четвртастата градба на телото. Исто така и некои други раси на кучиња покажуваат одредена сличност на волкот, како на пример германскиот овчар.