Балканскиот рис (Lynx lynx martinoi)
Должина: 80 – 130 цм
Опаш: 11 – 25 цм
Тежина: 12 – 38 кг
Распространестост: Европа и Азија
Живеалиште: Планини и шуми
Исхрана: месојад
Тој е подвид на евроазискиот рис од видот на рисови.
Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија. Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 на планината Плачковица.
Изглед
Карактеристично за рисот е кратката опашка и црните перчиња на врвот на ушите. Под вратот има грива со црни линии (не секогаш видливи), кои наликуваат на вратоврска. Рисот има широки шепи погодни за одење по снег, и големи мустаќи на лицето.
Бојата на крзното варира од ‘рѓаво кафеава до жолто кафеава, а понекогаш е обележана и со темно-кафеави точки, особено на екстремитетите. Сите видови рис имаат бело крзно на градите, стомакот и на внатрешноста на нозете, кои се продолжетоци од крзното на градите и стомакот. Бојата на рисот, изгледот на крзното и големината на шепите варираат во зависност од неговиот климатски регион – во југозападните делови на Соединтетите Американски Држави крзното е со кратко влакно, темна боја, а шепите се потесни; како рисот се движи кон поладната, северна клима, крзното постепено станува погусто (за да го штити од студот), бојата е посветла (заради камуфлирање), а неговите шепи се зголемуваат и стануваат сé пошироки (за полесно движење по снег). Шепите се зголемуваат до тој степен што може да станат поголеми од човечка рака или стапало.
Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април. Градбата на телото карактеристична за фамилијата на мачките. Труп со „квадратен“ облик, долги нозе и кус опаш, на врвот темен. Главата релативно крупна и со тркалезна форма. Ушите долги, со „перчин„ од влакна на врвовите. Бојата на крзното во основа жолто – кафеава со дамки, кои понекогаш можат да отсуствуваат. Од внатрешната страна речиси бела. Крзното е иградено од густо, кратко, фино и меко влакно. Должината на телото со глава изнесува 80 – 130 cm, должината на опашката само 11 – 25 cm. Масата на телото варира во распон од 18 до 25 kg. Половиот разлика e изразена со поголеми димензии кај машките примероци. Карактеристично место на живеење му се високопланинските предели со големи простори обраснати со високи шуми и густ подраст. Преферира каменливи терени, односно кањони и клисури. Обично ги населува терените помеѓу 700 и 1000 m надморска височина, но се среќава и преку 2000 m што ги вклучува и просторите над горната граница на шумата. Засолниште најчесто бара по пештери и под карпи.
Типично ноќно животно. Преку ден може да се сретне кога се сонча на изложени места. Рисот има неверојатно добар слух и 28 заби, кои ги забива длабоко во жртвата. Забите му се од голема помош, бидејќи тој не е најуспешниот ловец и ги губи повеќето од своите жртви поради разни други причини.
Основната храна му се срни, елени, дивокози, зајаци, птици и гризачи. Храната варира во зависност од нејзината достапност во биотопот. Сезоната на парењето е во текот на периодот јануари – март. Бременоста трае 74 дена. Женката во мај – јуни коти 1 – 5 (најчесто 2 – 3) младенчиња. Мажјаците полово созреваат после 30, а женките по 22 месеца.
Најмалиот рис е бобкет рисот и kанадскиот рис, додека најголем е eвроазискиот рис. Сепак, постојат значителни разлики во рамките на еден вид. Тој е на работ на истребување. Се проценува дека има околу 35 единки останато