Срната е шумско животно кое географски е распространето на подрачјето на Европа и Азија. Женката се вика срна, мажјакот срндак, а малото срнче. Срните имаат складно, витко, лесно и многу подвижно тело. Имаат кратка и одвај забележлива опашка. Срните се митарат два пати во годината, во пролет и во есен. Влакната на срната во лето имаат црвеникава боја, а во зима костенливо – сива, како бојата на шумскиот лисник. Задниот дел од телото на срната има бели влакна и е т.н. „огледало“. Малото срнче има темно кафени влакна прошарани со бело. Срната има одлично развиени сетила за слух, мирис и вкус, а видот и е слабо развиен бидејќи нејзиното око е астигматично, па затоа гледа само поголеми предмети и тоа нејасно, а најдобро забележува движење. Срндакот на главата има коскени израстоци – роговје. Првото роговје на младите мажјаци паѓа од месец октомври – ноември, а новото роговје им расне во месец јануари. Нормално развиеното роговје кај срндакот има три израстоци (парози). Срндаците, роговјето го употребуваат умерено над своите соперници, внимавајќи да не им нанесат сериозни повреди. Според фосилните остатоци од минатото срните немале роговје, туку само меки израстоци, кои им служеле за меѓусебно распознавање. Мажјаците живеат сами, освен во периодот за парење (во месец јули и август). Бременоста на женката трае 40-41 седмица и во месец мај или јуни, таа раѓа 1-2(3) млади. Две недели по раѓањето малите срнчиња се во состојба да ги следат срните. Според начинот на живот и однесување, срната е претежно дневно животно со најголем интензитет на движење во претпладневните и вечерните часови. Таа ги населува шумите и пасиштата во близина на изворите со вода. Срната е одличен пливач, но никогаш не се валка во кал како еленот и дивата свиња.
Просечниот животниот век на европската срна е 15 години.
Најголеми непријатели на срната се: волците, рисот, дивата мачка, куните, а лисиците можат да ги убијат само малите срнчиња. Особено големи штети врз срните нанесуваат волците за време на висок снег, кога поради градбата на нозете, срните пропаѓаат во снегот и не можат да бегаат Срната е шумско животно кое географски е распространето на подрачјето на Европа и Азија.
Најголеми непријатели на срната се: волците, рисот, дивата мачка, куните, а лисиците можат да ги убијат само малите срнчиња. Особено големи штети врз срните нанесуваат волците за време на висок снег, кога поради градбата на нозете, срните пропаѓаат во снегот и не можат да бегаат.
Во РМ срната е најмногуброен вид од крупниот дивеч .
Размножување
Срнчкиот дивеч се пари во текот на месец јули. Еден срнак може да оплоди повеќе женки. Сè додека не ја оплоди, срнакот останува кај женката. Дури откако ќе ја оплпди приоѓа кон друга женка. Срната е бремена 40 недели, околу 280 дена. Оплодената јајце-клетка во јули или август започнува интензивно да се развива дури во декември. Оваа појава се нарекува ембриотенија. Понекогаш во месец ноември може да се забележи дополнително парење кај срнскиот дивеч, при што, оплодената јајце-клетка не мирува, веднаш започнува да се развива. Најчесто во месец мај срните раѓаат по едно до две срнчиња, а сосема ретко и по три срнчиња. Срната е мошне внимателна мајка. Во прво време, додека се срнчињата слаби и неподвижни, срната ги напушта единствено кога мора да се храни. Но, таа секогаш е близу нив и може да внимава на сè што се случува во околината. Во случај на опасност им приоѓа на помош.
Болести
Од ендопаразитите, кај срните најчести се белодробните црви. Преживарите пасејќи ја тревата се заразуваат со овој вид на ендопаразит, кој ги напаѓа бронхиите и предизвикува воспаление на белите дробови.