Биди волонтер !!!
Волонтерството претставува активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на луѓето во општествениот живот, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество. Под волонтерство се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и /или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции.
Што можете да работите како волонтер? Mожете да направите многу нешта! Да им помогнете на постарите луѓе во соседството, да учествувате во локална акција за расчитување или пак да им помогнете на Националниот парк за негово уредување или разубавување.
Вистинските волонтери носат огромен придонес во заедницата.
И ние би сакале да придонесете за вас. Како? Дајте ни идеја за работилница во Национлан парк, заедно ќе ка разгледаме развидеме, промовираме и ќе учествуваме.
Дајте им до знаење на вашите пријатели, наставници како вие и вашите идеи можат да помогнат во заштита на националниот парк, па дури и за развојот на паркот!
Смислете начин како би ни помогнале во заштитата на природата!
Направете сувенири со материјалите од паркот! Дизајнирајте игри, па дури и еко-камп , каде што ќе учествувате.
Вклучете ги и вашите пријатели можеби дури и едно училиште, во вашите идеи, ентузијазам, подготвености запознајте ги со тоа.
Ние секогаш ви стоиме на располагање за поддршка.
https://www.google.com/maps/d/edit?mid=z7fRahw4g9uA.kD40hgY_vb_k